Младиот фудбалер на Сасуоло, Хамед Траоре, влегува во радарот на Милан, Рома и Наполи, објавија денеска дел од медиумите во Италија.
22-годишниот крилен напаѓач од Брег Слонова коска има тековен договор до 2024 година а неговата трансферна вредност е околу 20 милиони евра.
Траоре во текот на викендот во Серија „А“ имаше одличен настап против Аталанта и постигна два гола.