Фудбалскиот состав Ливерпул, ќе направи напор да го купи крилото на Вулверхемптон, Адама Траоре, тврди денеска – „Фудбал инсајдер“.
Според изворот, „волците“ се подготвени да ги слушнат понудите за Траоре бидејќи неговиот договор истекува за две години. „Црвените“ изразиле подготвеност да платат околу 25 милиони фунти а Вулверхемптон сака двојно повеќе.
Минатото лето се шпекулираше дека Ливерпул ќе даде понуда за Траоре, но тогаш „црвените“ изненадија со трансферот на друг играч на Вулверхемптон – Диого Јота. Португалецот направи брилијантна прва сезона на стадионот- „Енфилд“.

