Фудбалерот на Вулверхемптон, Адама Траоре, кој на 41 натпревар постигна 3 гола и направи 3 асистенции, ќе има шанса да го облече дресот на Лидс, најавија денеска медиумите во Англија.
Шефовите на Марсело Биелса започнале преговори со „волците“ за трансфер на 25-годишниот Шпанец.
Тие нудат 30 милиони евра a играчот треба да добие договор до крајот на јуни во 2026 година.