Крилниот напаѓач Адама Траоре денеска пристигнува во Барселона за да ги мине лекарските прегледи. Тој и официјално ќе биде ново засилување за Каталонците, откако ќе го заврши трансферот од Вулверхемптон како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.
Според новинарот Фабрицио Романо, каталонскиот клуб го изнајмува играчот со опција за откуп за 30 милиони евра. Дополнително, Адама и Барса се договорија за 5-годишен привремен договор во случај „Блауграна“ да одлучи да го купи играчот во јуни.