Третиот голман на фудбалската селекција на Германија, Кевин Трап и бразилската манекенка Изабел Гулард се верија. 27-годишниот фудбалер тоа го објави преку видео клип на кој се гледа прстенот на раката на 33-годишната бразилска убавица.
„Овој незаборавен момент не може да се опише со зборови. Изабел Гулард, мојата идна сопруга “, напишал голманот на ПСЖ.
„Кога ќе се сретнете со некој кој го менува вашиот живот во сите аспекти, тој е вистинскиот за вас. Кевин те сакам “, вели постот на Изабел. Тие врската која започна во ноември во 2015 година сега ќе ја крунисаат со брак.