Тренерите во Бундеслигата не се обврзани да носат медицински маски додека комуницираат со своите играчи за време на натпреварите во продолжувањето на германскиот фудбалски шампионат.
Според упатствата на Германската фудбалска лига, тренерите и остатокот од персоналот мора да носат маски на клупата, но заштитната опрема не е потребна, додека главните тренери им даваат упатства на своите играчи.
„Покривањето на носот и устата ќе ја ограничи работата на тренерот, тој нема да може да дава инструкции преку гестови на лицето. Одржувањето растојание за време на натпреварите е основна претпазливост за тренерите.
За сите други на клупата важат мерките – растојание и маски. Тренерите треба да бидат 1,5 метри од најблиската личност кога не носат маски“, изјави директорот на германската фудбалска лига Ансгар Швенкен за„ Билд “.