Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, го опиша Јувентус како посилен ривал од Реал Мадрид. Холандскиот гигант се среќава вечерва против италијанскиот гигант во реваншот од 1/4-финалето на Лигата на Шампионите во Торино, а првата средба во Амстердам пред една недела заврши без победник 1:1.
„На почетокот на сезоната никој не очекуваше да стигнеме тука. Но, тимот постигна напредок, покажа дека може да се бори против големите гиганти. Ние веруваме во себе и во тоа дека можеме да постигнеме добар резултат. Јувентус е малку подобар од Реал, тоа е многу зрел тим. Минатата недела игравме добро, се надевам дека ќе го повториме истото и во реваншот”, изјави Тен Хаг, чиј тим го елиминираше актулениот шампион на Европа, Реал Мадрид во осминафиналето.
Тој откри и дека ѕвездата на домаќините Кристијано Роналдо нема да биде чуван со посебен играч, како што се случи и во првиот натпревар.