Тренерот на Еибар, Хозе Луис Мендилибар, зборуваше пред медиумите за натпреварот против Реал Мадрид во „Ла Лига“, кој ќе се одигра утревечер.
Менделибар зборуваше за тренерската промена во европскиот шампион, каде што Јулен Лопатеги беше заменет со Сантијаго Солари.
„Реал Мадрид е многу голем тим, со исклучително квалитетни фудбалери. Не ме интересира точно кој од нив ќе игра, бидејќи секој нивен фудбалер може да го реши натпреварот. Вистина е дека со новиот тренер почнаа да победуваат. Не гледам многу многу разлики помеѓу Јулен Лопатеги и Сантијаго Солари. Не беше нормално да загубат толку многу натпревари. Сигурен сум дека нивните фудбалери се во добро расположение, бидејќи победите носат огромна радост и добра атмосфера”, изјави Мендилибар. Еибар се наоѓа на 13-то место на табелата во „Ла Лига“, додека Реал Мадрид е на шеста позиција.