Предводникот на Еспањол , Франциско Руфете им се извини на навивачите за испаѓањето на екипата од Ла Лига и преселбата во втората лига на Шпанија.
Ова стана јасно, откако Еспањол загуби од Барселона со резултат 0:1 во натпреварот од 35. коло, што се случи синоќа на „Камп Ноу“.
„Еспањол има многу навивачи, а тие го заслужуваат само најдоброто, затоа што со години се борат заедно со тимот. Се обидовме да дадеме се од себе. Горд сум што сум тренер на Еспањол. Во иднина, ние мора да играме како на овој натпревар со Барселона. Ќе биде тешко за нас, но денешната игра треба да ја постави основата за иднината. Сите чувствуваме болка во душата заради нашите фанови. Треба да сториме сè за да се бориме. Ние мора да бидеме блиски со нашите фанови. Ние сакаме да ги убедиме дека ќе сториме сé за да се вратиме во Примера што е можно поскоро“, рече на Руфете за „Марка“.