Фудбалерите на Ајакс кои денеска ги очекува реваншот со Бенфика во Лигата на шампионите, веројатно во текот на летото ќе останат без тренерот, Ерик тен Хаг, пренесува холандскиот весник – „De Telegraaf“.
Според одредени шпекулации, 52-годишниот стручњак влегува во опциите за тренер на Манчестер Јунајтед кој во моментов го води Ралф Рангник.
Тен Хаг освои две титули во Холандија со „копјаниците“.