Тренерот на француски Монако, Леонард Жардим, по поразот од Борусија во Дортмунд синоќа, веќе се откажа од идејата за пласман на првите две места во групата и вели дека пред Монако сега е една цел – третото место кое води во ЛЕ.
„Имавме добро прво полувреме, бевме опасни и одлично ја поседувавме топка. Откако го примивме првиот гол, продолживме да играме вака, но не можевме да одговориме. Остававме многу простор, а тоа Борусија го искористи. Во следните натпревари играме против Бриж, треба да ги освоиме тие 6 бода и да го обезбедиме местото во Лигата на Европа“, смета Жардим.