Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, пред утрешното последно коло во Премиер-лигата и гостувањето кај Брајтон, вели дека неговиот тим ќе добие критики ако не ја освои шампионската круна.
„Нормално е медиумите да не критикуваат доколку не ја освоиме титулата, но, јас нема да го променам мислењето за моите играчи. Видовме во Лигата на шампионите дека ако испаднеш ќе бидеш уништен. Ситуацијата е идеална за нас или ќе се радуваме или ќе му честитаме на Ливерпул“ изјави тренерот од Шпанија.
„Граѓаните“ утре од 16.00 часот во завршната рунда во Премиер-лигата ќе влезат со еден бод предност во однос на конкурентот Ливерпул кој ќе игра на домашен терен со Вулверхемптон.
