Фудбалерите на Манчестер Јунајтед утре на домашен терен ќе го пречекаат составот на Њукасл во рамките на 19 коло во Премиер конкуренцијата. Тренерот на домаќините, Оле Гунар Солскјер, е свесен дека неговиот тим е далеку од посакуваната форма.
„Очекував да имаме променливи игри бидејќи немаме доволно квалитетен ростер. Се надевам дека лошите денови ќе останат во минатото и дека набрзо ќе влеземе во посакуваниот ритам. Секако тука се и проблемите со повредите“ – потенцираше Норвежанецот.
„Црвените ѓаволи“ в пресрет на новата рунда во Премиер лигата се наоѓаат на осмото место на табелата со големо бодовно заостанување во однос на тимовите што се борат за титулата и за место во Лигата на шампионите.

