Дефанзивецот на Реал Мадрид, Трент Александар-Арнолд, за пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите, вели дека е резултат на заедништвото, а допрва доаѓаат вистинските предизвици за мадриѓани.
„Ова е најважната фаза од сезоната. Важните натпревари доаѓаат еден по друг, и секој од нив се чувствува како финале. Очекувањата во Реал Мадрид се такви што сакаме да одиме до крај во Лигата на шампионите и да победиме. Ова е вкоренето во самата суштина на клубот. Растеме благодарение на овие очекувања, а тоа ни помага да играме најдобро што можеме. Беше убаво да го елиминираме Манчестер Сити; тие ни одзедоа неколку медали мене и на Ливерпул во минатото. Играњето против Манчестер Сити е секогаш тешко, па затоа сме горди на нашата игра“, рече Трент.

