Денес е 3-от ден од „Турнирот во мал фудбал на медиумите 2018“, а по одигрувањето на последните натпревари по групи во која Канал 5 ја совлада ТВ Шења со 4:1, 1 ТВ беше подобра од Сител со 2:1 и Алфа го победи тимот на МТВ 2 со 2:0.
Познати се екипите кои ќе играат во денешните ½ финални средби . Според распоредот попладбнево по 17 часот ќе играат МРТВ – МТВ 2, а од 17.40 часот Спортско радио 90,3 против екипата на АЛФАТВ.
Денес се играат уште неколку ревијални натпревари меѓу „петлињата“ од неколку фудбалски школи од СКопје , но вечерва по 18 часот ќе играат и ОУ од неколку општини од Скопје.
Натпреварите се играат во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, а влезот е слободен.