И по денешниот натпревар кој Манчестер Јунајтед го одигра и доби против Вест Хем Јунајтед (1:0), Кристијано Роналдо остане без постигнат гол или асистенција.
Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо го мина целиот натпревар на теренот, но не можеше да постигне гол или асистенција.
Натпреварот против Вест Хем беше трет по ред за Роналдо на кој не успеа да постигне гол или асистенција. Португалецот немаше ниту една ефективна акција на натпреварите со Вулверхемптон (0:1) и Брентфорд (3:1).
Последен пат Кристијано Роналдо постигна гол против Барнли на средбата од 20. коло од Премиер лигата, која се одигра на 30 декември 2021 година. На истиот натпревар Роналдо направи и асистенција.
Португалскиот напаѓач има 18 настапи оваа сезона во англиската Премиер лига, постигнувајќи 8 гола и 3 асистенции.