Третата понуда која Манчестер Сити ја испрати за плејмејкерот на Наполи, Жоржињо, очигледно ќе биде и клучна за реализација на трансферот. Како што објавија локалните весници од Неапол, трансферот на Жоржињо во Сити е завршена работа.
Манчестер Сити се согласил за неговиот потпис да плати 53 милиони евра, плус бонуси. Првата понуда беше од 40 милиони, но беше веднаш одбиена. Потоа следуваше понуда од 47 милиони со бонуси од 6 милиони, но и таа е одбиена, за најновата од 53 милиони и бонуси од 7 милиони да биде прифатена од претседателот на наполитанците.