Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, најверојатно ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ ова лето, пренесуваат британските медиуми.
Фудбалерот му се приклучи на кралскиот клуб во 2019 година за да се натпреварува со Карим Бензема за стартно место во нападот, но не успеа да се наметни ниту кај Зинедин Зидан, ниту кај Карло Анчелоти.
И покрај тоа што неговата намера беше да остане во Реал, се чини дека Србинот се предомислил и е подготвен да си замине ова лето. Трите заинтересирани екипи во англиската Премиер лига за него се Арсенал, Тотенхем и Вест Хем.