На 13 октомври во 1993 година, македонската фудбалска репрезентација го одигра првиот меч по осамостојувањето. Селекцијата предводена од Андон Дончевски пред околу 3.000 гледачи ја победи Словенија во Крањ со 4:1.
Прв стрелец во историјата на Македонија е Зоран Бошковски – Чоко. Потоа во листата на стрелците се запишаа и Дарко Панчев, Драган Канатларовски и Чедомир Јаневски. Македонија на првиот историски натпревар настапи во состав: Зоран Мицевски, Кире Грозданов, Зоран Јовановски, Драги Канатларовски, Илија Најдовски, Чедомир Јаневски, Зоран Бошковски, Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски и Тони Мицевски.
Од клупата за резерви влегоа уште Сашо Милошевски, Горан Георгиевски, Неџмедин Мемеди и Ванчо Мицевски а дел од составот беше и голманот Лазо Липоски.