Македонската триатлон федерација ги објавИ добитниците на признанијата за најдобрите триатлонци и клубови за 2024 година.
Овие признанија се доделуваат врз основа на официјалната ранг-листа и бодовите собрани во триатлон лигата, која опфаќа три натпревари одржани во Скопје, Дојран и Струга.
Во сениорска конкуренција, најдобар триатлонец за 2024 година е Иван Трпчевски, додека најдобра триатлонка е Блерта Хани
Кај јуниорите признанијата заминаа кај Здравко Здравев и Матео Мачоски, додека кај кадетите најдобри се Јосиф Малински и Бистра Груевска.
Најдобар триатлон клуб за 2024 година е клубор Триоги Рејсинг
Церемонијата за доделување на овие престижни признанија се одржа на годишниот завршен настан на федерацијата.

