АЕК Ларнака утрово и официјално го потврди новиот договор со екс-македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски. Искусниот напаѓач ќе остане уште две години во дресот на АЕК, откако е постигнат договор за нова соработка до летото 2024 година.
Капитенот на АЕК Ларнака дојде во клубот во јануари 2016 година и во неговите досегашни настапи постигна вкупно 119 голови за тимот, што го прави еден од најуспешните голгетери во историјата на клубот, но и кај кипарските тимови во европските натпреварувања.