Неколку македонски репрезентативци настапуваат во екипи од Кипар и добор ја знаат климата, амбиентот и стадионот во Никозија каде што утре ќе играме против Ерманија. Иван Тричковски утре по третпат ќе биде капитен на нашата репрезентација, како што беше и претходно на средбите против Естонија.
На денешната прес-конференција фудбалерот на АЕК Ларнака и нашата репрезентација го кажа своето размислување за оваа средба:
„Атмосферата е одлична и на највисоко нив, а и мотивацијата никогаш не ни недостасувала. Тоа не краси, индивидуално и тимски сме мотивирани и на утрешниот натпревар ќе докажеме дека можеме и умееме. Се чуствувам поконфорно на овој стадион. Сега имаме дополнителна мотивација, нема публика но имаме императив – прво место во групата“ рече Тричковски.
Последниот натпревар во Лигата на нации на нашата селекција против Ерменија ќе го судат Боби Мејден, Дејвид Рум и Грем Стјуард, сите од Шкотска.
ФОТО: ФФМ

