Напаѓачот на нашата фудбалска репрезентација, Иван Тричковски, верува дека Македонија ќе го совлада Гибралтар во групната фаза во Лигата на нации и дека ќе остане на патот кон Европското првенство.
„Знам дека нема да ни биде лесно, но, верувам дека ќе ги освоиме бодовите и ќе го потврдиме пласманот во полу-финалето. Верувам дека сите ќе одиграме на посакуваното ниво. Само ние може да направиме победата против Гибралтар да биде лесна“ вели Тричковски.
„Сакаме да постигнуваме повеќе голови, но, не е лесно да се игра против селекции кои форсираат дефанзивен фудбал. Мислам дека треба да ја искористиме шансата и да останеме во конкуренција за Европското првенство. Посакувам да имаме голема поддршка и заедно со навивачите да ја прославиме победата“ – потенцираше нашиот напаѓач.