Нашите најдобри ракометари ќе играат со Франција, Германија и Швајцарија во Групата „А“ на Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во Германија.
Во групата „Б“ влегоа: Шпанија, Хравтска, Австрија и Романија. Во групата „Ц“ ќе играат Исланд, Унгарија, Србија и Црна Гора. Во групата „Д“ ќе бидат: Норвешка, Словенија, Полска и Фарски Острови. Групата „Е“ ја преводи бранителот на тронот Шведска, тука се и Холандија, БИХ и Грузија. Во групата „Ф“ се сместија: Данска, Португалија, Чешка и Грција.
Eвропското првенство во Германија ќе се реализира догодина од 10-ти до 28-ми јануари.