Фудбалерот на Тотенхем, Кејран Трипер, по големата победа на теренот на Ајакс во Лигата на шампионите остварена буквално во последните секунди со голот на Моура, откри зошто неговиот тим одиграл перфектно во вториот дел кога успеа да надополни голема негатива од 2-0.
Трипие вели дека на полувремето во соблекувалната се симнал Хари Кејн кој не играше поради повреда и дека со енергичен тон ги мотивирал соиграчите да излезат и да ги покажат нивните вистински квалитети.
„ Хари имаше многу емотивен настап во соблекувалната. Ги праша играчите дали по се што поминаа сакаат на тој начин да ја завршат сезоната и така да бидат запаметени“ – биле зборовите на Трипие со кои опишал што се случило во соблекувалната на паузата.