Дефанзивецот на Атлетико (М), Киран Трипие, може да се врати во Премиер лигата, каде што претходно настапуваше за Тотенхем.
31-годишниот Англичанец е интересен не само за Њукасл, туку и за Манчестер Јунајтед, тврди новинарот Николо Шира.
Според изворот, преговорите меѓу „црвените ѓаволи“ и агентот на Трипие се во напредна фаза. Самиот фудбалер сака да се врати во Премиер лигата и Јунајтед веројатно е прв негов избор.
Договорот на дефанзивецот со мадридскиот клуб е до јуни 2023 година.