Фудбалерите на Англија пред да заминат на Европското првенство во Германија ќе имаат два теста на домашен терен.
Првиот ќе биде против Босна и Херцеговина на 3 јуни на „Сент Џејмс Парк“ во Њукасл а вториот против селекцијата на Исланд на 7 јуни на легендарниот „Вембли“ во Лондон. Претходно, „Гордиот Албион“ ќе има два контролни меча против Бразил и Белгија.
Англичаните на Континенталниот собир се во групата „Ц“ во Гелзенкирхен. Првиот дуел ќе го имаат против Србија на 16 јуни. Потоа ќе играат со Данска на 20-ти а во последното коло со Словенија на 25 јуни.

