На крајно небезбедната патека без банкини во Пробиштип беше реализирана ридско-брзинска трка на која се случи голем инцидент во кој животот го загуби еден од редарите.
На тоа преку социјалната мрежа „Фејсбук“ реагираше „Custom Car Racing Team“ кој вината за немилиот настан ја префрли на комплетното раководството на федерацијата.
– На целиот настан животот го загуби редар кој беше удрен од тркачки автомобил на целта. Одговорност треба да сноси целото раководство на АФМ а тоа се Ранко Станојковски, Павле Доневски и неговиот клуб Проспорт и Кристина Станојковска. Големо сочуство до фамилијата од нас како спортски клуб – пишува Фејсбук – „Custom Car Racing Team“.