Италијанскиот фудбалски тренер, Карло Анчелоти, кој успеа два пати со италијанскиот Милан и еднаш со шпанскиот состав Реал Мадрид да ја освои Лигата на шампионите, вели дека завршницата на сезоната која ќе биде реализирана во Португалија, дополнително ќе мотивира дел од екипите.
„Фаворити се клубовите кои се стремат кон пехарот од ЛШ гледано наназад неколку години. ПСЖ кој никогаш не стигнал до полу-финале како и Манчестер Сити“ – вели Анчелоти.
„Што се однесува до Јувентус, за него Лигата на шампиони е опсесија. Сегашниов формат и играњето на само еден меч може да биде поволен за Јувентус“ – заклучи Италијанецот.