Искусниот италијански фудбалски тренер, Карло Анчелоти, кој има богата ризница на трофеи, го посочи најдобриот тим кој го водел во неговата кариера. Тоа е Милан со кој загуби во финалето во ЛШ од Ливерпул во 2005 година.
„Тимот од 2007 година беше технички инфериорен во однос на тој 2005 година. Во 2007 година имавме неверојатна мотивација. Ние ја освоивме титулата поради мотивацијата а не со квалитетна игра“ – истакна Анчелоти со напомена дека не можел да го замисли составот без Џенаро Гатузо.
„Полесно ми беше да играм без Кака, Сидорф, Пирло… отколку без Гатузо. Тој му даваше на тимот нешто што никој друг не можеше да му го даде“ – потенцираше Италијанецот.
