Екипата на Милан соопшти дека тројца членови на екипата се позитивни на Ковид-19, а тоа го потврдија со официјално соопштение.
„Клубот може да потврди дека тројца играчи биле позитивни на КОВИД-19. Фудбалерите се чувствуваат добро и сега ќе го почитуваат карантинскиот период согласно упатствата добиени од здравствените власти. Денес целиот тим ќе биде тестиран во согласност со прописите“ – се вели во соопштението на официјалниот сајт на клубот.
Прес-службата на клубот не ги откри имињата на играчите кои имале позитивните тестови. Според „Sky Sport Italia“, коронавирусот е откриен кај Томори, Ромањоли и Калабрија. Денеска, Милан ќе игра против Рома на домашен терен на меч од 20. коло на италијанскиот шампионат. Пред оваа средба Милан со 42 бода е втор со четири бода помалку од лидерот Интер, додека Рома со 32 бода е на шестото место.

