Тројца фудбалери на Манчестер Јунајтед ќе можат да настапат на натпреварот од 9. коло од англиската Премиер лига со Ливерпул, и покрај претходно добиените повреди.
Според весникот „Мирор“, на средбата со Ливерпул, „црвените ѓаволи“ ќе можат да сметаат на дефанзивците Лук Шо и Арон Ван Бисаку и на играчот од средниот ред Пол Погба. Исто така, многу е веројатно дека напаѓачот Ентони Марсиал ќе биде во комбинација во тимот.
Натпреварот Манчестер Јунајтед – Ливерпул ќе се одигра на 20 октомври на стадионот „Олд Трафорд“ во Манчестер со почеток од 17:30 часот.
После осум одиграни кола, Ливерпул е на првото место на табелата во Премиерлигата со 24 бодови, додека Манчестер јунајтед 12-ти со 9 освоени бодови.

