Луѓето од Милан се надеваат дека Златан Ибрахимовиќ, Анте Ребиќ и Алесио Ромањоли ќе се опорават и ќе бидат подготвени за фудбалското дерби со Интер закажано на 17 октомври во рамките на Серија „А“.
Шведскиот напаѓач тренира максмално откако бил негативен на последниот тест за коронавирус. Ребиќ пред 10 дена се здоби со повреда на лактот, но, последните снимања покажаа дека нема компликации и неговото закрепнување оди добро. Хрватот се очекува да помине нови тестови по што ќе се знае дали ќе може да игра против Интер.
Капитенот Ромањоли има реални шанси да биде на теренот против градскиот ривал бидејќи работи максимално на тренинзите.