Арсенал и Брајтон се во завршни преговори за потписот на Леандро Тросар.
Според новинарот на Дејли Мејл, Сами Мокбела, лондонскиот клуб е подготвен да плати околу 20 милиони фунти за играчот, но вредноста на која Брајтон го процени Белгиецот се движи околу 26 милиони фунти.
Додека клубовите не се согласат околу цената на 28-годишниот крилен напаѓач, фудбалерот ги прифатил понудените лични услови од Арсенал.
Договорот би можел да биде затворен во текот и на денешниот ден. Тросар во случај на трансфер ќе потпише долгорочен договор со „топчиите“.