Крилниот напаѓач на Арсенал, Леандро Тросар дефинитивно ја заслужи наградата „Златна резерва“ откако од клупата за резерви третпат по ред постигнува гол за „топчиите“. Тој е првиот играч на клубот со вакво достигнување.
Неговиот трет гол во низа го постигна во саботното дерби на Челзи кога израмни на 2-2 по центаршутот на Букајо Сака во шеснаесетникот.
28-годишниот напаѓач станува тип на играч кој блеска кога влегува во игра за време на натпреварите, но не покажува ништо значајно како стартер.