Македонскиот репрезентативец и интернационалец Кристијан Трапановски со своите настапи во новиот клуб Данди Јунајтед го заслужи местото во нашата најдобра фудбалска репрезентација. Селекторот Благоја Милевски го повика во селекцијата за првите два натпревари од новата сезона на Лигата на нации.
Македонија во септемвриската репрезентативна пауза ќе одигра против Фарски Острови и Ерменија, во рамки од новата сезона во Лигата на нации, а своите очекувања ги кажа и Трпановски.
„Задоволство ми е што сум дел од репрезентацијата на Македонија. Се надевам дека ќе добијам шанса да ги покажам моите квалитети. Се чувствувам како да сум долго време тука, иако првпат сум со најдобрата репрезентација. Нашата цел е да бидеме први и да се пласираме во следната фаза во Лига на нации. Нашиот тим е многу поквалитетен од Фарски Острови, теренот и временските услови сметам дека не треба да ни претставуваат проблем. Треба да бидеме со вистински пристап и да ги освоиме трите бода“, рече новиот фудбалер на Данди Јунајтед и нашата А репрезентација.
Во првото коло Македонија ќе гостува во Фарски Острови на 7 септмеври, додека Ерменија ќе ја пречекаме во Скопје на 10 септември.

