Стоук Сити го објави потписот со дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Аксел Туанзебе на својата официјална веб-страница. Двете страни потпишаа договор за ппозајмица до крајот на сезоната 2022/23.
Туанзебе стана петтото засилување на Стоук Сити во зимскиот преоден рок. Трансферот на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед го коментираше и тренерот на тимот од Чемпионшип лигата Алекс Нил.
„Беше важно да ги прошириме нашите одбранбени ресурси. Аксел е играч кој добро го познава Чемпионшип и сака повторно да се тестира на ова ниво“, изјави Нил за прес-службата на Стоук Сити.
Да потсетиме дека Туанзебе беше дел од младинскиот погон на Манчестер Јунајтед, но не можеше да се наметне во првиот тим на „црвените ѓаволи“.
Три пати отиде на позајмица во Астон Вила и еднаш во Наполи.