Поранешниот тренер на Олимпик Марсеј, Игор Тудор по се изгледа ќе биде новиот тренер на Наполи. Клубот и преставникот на хрватскиот стратег веќе два дена преговараат во Рим, а Хрватот се согласил и на едногодишен договор предложен од наполитанскиот претседател Аурелио Де Лаурентис, иако првично сакаше подолг договор.
Во моментов, Тудор и неговиот агент се уште се во главниот град на Италија и ја чекаат конечната одлука на Наполи. Претхондно беше објавено дека Руди Гарсија, кој беше тренер на клубот од летото, практично добил отказ.