Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Игор Тудор, инсистира клубот да донесе одлука за неговата иднина пред Светското клупско првенство.
„Наскоро ќе дознаеме, не по Светското клупско првенство, туку пред тоа. Среќен сум. Постигнавме нешто“ – рече Хрватот откако успеа да обезбеди место за Лигата на шампионите.
„Јувентус може да биде конкурентен за титулата со две или три нови засилувања. Не можам ништо да кажам, наскоро ќе разговараме и ќе одлучиме“ – рече Тудор.

