46-годишниот Игор Тудор кој е нов тренер на Јувентус поминал 1000 километри со автомобил за да потпише договор со клубот. Ова го објави „Скај Спортс“.
Во информацијата се вели дека тренерот веднаш по повикот од управата на клубот влегол во автомобил и се упатил кон Торино. Во моментот на отказот на Тиаго Мота, Хрватот беше дома во Сплит.
Се дознава дека новиот тренер на Јувентус веќе целосно се впуштил во работа и одработил тренинзи со играчи кои не настапуваат за националните тимови.
Игор Тудор (46) играше за Јувентус од 1998 до 2007 година, а беше и во стручниот штаб на клубот меѓу 2020 и 2021 година. Како главен тренер работеше во Марсеј, Лацио, Верона, Удинезе и други клубови.

