Новиот тренер на Јувентус, Игор Тудор, по ремито со Рома изјави дека тоа е сосема солиден резултат. Тој призна дека се надевал дека неговиот тим ќе замине со трите бода од ова гостување, но и ремито не е толку лош резултат против опасен тим како „волчицата“. Хрватот верува дека неговиот тим е на вистинскиот пат.
„Треба да примаме помалку голови од корнер. Не помага тоа што ни недостасуваат играчи како Бремер, Гати и Кабал. Кога пристигнав, продолжив да го користам истиот одбранбен метод во овие ситуации што беше наметнат досега. Очигледно треба многу да се работи и да се подобри. Ми се допадна првото полувреме. Имајќи ја предвид моменталната форма на Рома и седумте последователни победи, ремито не е толку лошо и ни дава самодоверба“, смета Тудор.

