Менаџерот на Тотенхем, Игор Тудор, ја објасни својата одлука да го замени голманот Антонин Кински во 17-тата минута од натпреварот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите (2:5).
22-годишниот Чех направи две грешки и прими три гола, по што Тудор во игра во внесе Гуљелмо Викарио.
„Ова е многу ретка појава. Тренирам 15 години и никогаш не сум направил нешто вакво. Беше неопходно да се заштити и играчот и тимот. Неверојатна ситуација. Пред натпреварот, тој беше правилен избор. Тони е многу добар голман, Викарио беше под притисок. После тоа, лесно е да се каже дека одлуката била погрешна. Разговарав со Тони по натпреварот. Тој е паметен човек, добар голман. За жал, овие големи грешки се случија во толку важен натпревар“, рече Тудор.

