Фудбалерите на Челзи утре ги чека мечот со Плимут во ФА Купот а веднаш потоа ќе заминат за Абу Даби на светското клупско првенство. Менаџерот, Томас Тухел, вели дека паузата била апсолутно неопходна.
„Многу натпревари одигравме а немавме шанса за одмор. Сега се чувствуваме добро подготвени“ – вели Тухел.
„Плимут нема што да загуби. Мора да бидеме подготвени на се. Ни претстои тешка недела, бидејќи ќе треба да играме полуфинале а можеби и финале на Светското клупско првенство“ – потенцираше Тухел.