Тренерот на фудбалерите на Пари Сен Жермен, Томас Тухел, пред денешното финале во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, вели дека противникот има големо искуство кога станува збор за финалните мечеви.
„Баерн е во феноменална форма. Тимот има искусни играчи кои биле дел од значајни мечеви. Ние ги имаме Кејлор Навас, Анхел ди Марија и Нејмар, кои осто така го имаат осовено трофејот во Лигата на шампионите“ – вели Тухел.
Германскиот стратег потврди дека Марко Верати ќе биде подогтвен да се појави на денешниот меч во Лисабон.