Менаџерот на Челзи, Томас Тухел изјави дека Кристијан Пулишиќ е дел од неговите планови за во иднина.
Причината за коментар на оваа тема беше фактот дека Американецот не бил во составот во последните неколку недели, што се должи на гласините дека може да замине на лето. Тухел и Пулишиќ работеа заедно во Борусија (Дортмунд) и добро се познаваат.
„Кога потпишувате со Челзи, дел од вашата работа е да бидете трпеливи и нетрпеливи истовремено. Сите мои играчи сакаат да играат. Кога не сте во составот, треба да бидете трпеливи и да не ја изгубите довербата. Одговорноста на играчите е да бидат подготвени и да заслужуваат место во тимот. Тоа го прави Кристијан“, коментираше Тухел.

