Централниот дефанзивец на Јувентус, Матијас Де Лихт е новата голема трансфер цел на менаџерот на Челзи, Томас Тухел. Германецот сакаше да ја засили својата одбрана изминатото лето, но клубот не успеа да го финализира трансферот на Кунде, а во Франција тврдат дека понудата од 100 милиони за Маркињос била одбиена од ПСЖ.
Според „Мирор“ од „Стемфорд Бриџ“ се подготвени да платат 103 милиони фунти (120 милиони евра) за Холанѓанецот, што значи дека клубот повторно ќе го подобри својот трансферен рекорд, што го постави со ангажманот на Ромелу Лукаку, кога беа платени 97,5 милиони фунти. Тухек во моментов ги има Андрес Кристинсен, Тиаго Силва и Антонио Рудигер. Сите тројца се претставија добро од почетокот на сезоната, а лондончани примија само еден гол во првите пет кола од Премиер лигата.
Сепак, иднината на сите тројца е неизвесна, бидејќи нивните договори истекуваат по крајот на сезоната. Во Јувентус се надеваат дека 22-годишниот Де Лихт ќе потпише нов договор до крајот на сезоната. Во неговиот сегашен договор постои клаузула за заминување, која може да се активира следното лето. Според Фабрицио Романо, неговата сума е 150 милиони евра.