Поранешниот тренер на ПСЖ, Томас Тухел ја платил операција на срцето на детето на неговата домаќинка од Париз, а пред да замине од француската престолнина и дал и скап подарок, пренесува РМЦ Спорт.
Откако се населил во париско предградие во 2018 година, Германецот ангажирал домаќинка со потекло од Филипините. Постепено Тухел дознал за животните проблеми на жената. Се испостави дека таа работела за да плати за операција на срцето за своето дете. Тогаш тренерот одлучи да ги покрие сите трошоци за третманот. Подоцна, пред да го напушти Париз, германскиот тренер и купил и куќа на Филипините.