Заминувањето на искусните Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен ќе го примора тренерот на фудбалерите на Челзи да пронајде соодветни замени во дефанзивната линија.
Прво летно засилување на „сините“ треба да биде играчот на Севилја, Жил Кунде а во опција се и Торес од Вилјареал, Гвардиол од РБ Лајпциг и Весли Фофана од Лестер.
Медиумите наведуваат дека новиот сопственик на Челзи, американскиот милијардер, Тод Боли, планира за летната селекција да издвои 200 милиони фунти.

