Тренерот, Томас Тухел, кој потпиша договор со фудбалскиот состав на ПСЖ до 2020 година, изјави, дека има големи амбиции и дека ќе наметне офанзивна игра.
„ Дојдов во Париз со намера да постигнам одлични резултати. Имаме фантастични играчи на располагање. Му благодарам на раководството за укажаната доверба“ -изјави германскиот стратег кој претходно го водеше тимот на Борусија Дортмунд.
Тухел доаѓа на местото на Унај Емери кој не ја исполни главната желба на тимот од „Паркот на принцовите“ а да ја освои лигата на шампионите.