Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, даде свое очекување за враќањето на напаѓачите Тимо Вернер и Ромелу Лукаку, кои се опоравуваат од повредите.
„Кога ќе се вратат Вернер и Лукаку? Најреална опција е по паузата за меѓународни натпревари во ноември. Што се однесува до Кристијан Пулишиќ, тој ќе биде вклучен за мечот со Барнли, ако сè оди добро за него”, рече Тухел.
Оваа сезона, Лукаку одигра 11 натпревари за Челзи, постигнувајќи 4 гола и 1 асистенција. Вернер на 10 натпревари има 2 гола и 1 асистенција.

